Балканот вели НЕ за скратено работно време!
Актуелно

Балканот вели НЕ за скратено работно време!

08. 12. 2025.

Во Бугарија, Босна, Романија, Хрватска, Словачка и Унгарија, скратеното работно време е речиси непостоечко: под 5%.

Скратеното работно време станува европски тренд – но не се шири рамномерно. Швајцарија и Холандија водат со рекордни стапки: над 40% од вработените работат помалку од 30 часа неделно.Во Австрија и Германија, речиси секој трет вработен работи со скратено работно време.

На другата страна на континентот – Балканот и Источна Европа. Во Бугарија, Босна, Романија, Хрватска, Словачка и Унгарија, скратеното работно време е речиси непостоечко: под 5%.

Зошто?
Во западните земји работодавачите го користат овој модел за флексибилност, намалени трошоци и усогласување со побарувачката во услужните сектори. Таму платите се доволно високи за скратено работно време да биде одржлива опција.

Во источните економии доминира индустријата, полно работно време е норма, платите се пониски, а делумната работа не нуди доволен приход.

Кој најмногу работи скратено?
Жените – и тоа драматично. Во ЕУ, 27,8% од жените работат скратено, наспроти само 7,7% мажи. Во Холандија и Швајцарија, повеќе од половина жени имаат скратено работно време, додека во Романија и Бугарија речиси и да нема разлика меѓу половите.

Причините се комбинација од традиција, културни норми, недостиг на инфраструктура (градинки), но и сѐ поголем интерес за баланс меѓу работа и приватен живот.