Добра вест за скенирачите: Апликацијата „Мој ДДВ“, повторно функционира
Актуелно

Добра вест за скенирачите: Апликацијата „Мој ДДВ“, повторно функционира

15. 06. 2026.

Апликација „МојДДВ“ на Управата за јавни приходи (УЈП) од денеска е повторно целосно функционална за сите граѓани.

Корисниците можат непречено да продолжат со скенирањето на своите фискални сметки за да остварат право на поврат на дел од данокот на додадена вредност.

Апликацијата беше во прекин неколку дена поради технички прилагодувања и неопходна надградба на целиот систем.

По завршувањето на овие процеси, системот е повторно активен и достапен за корисниците на оперативните системи Android и iOS. 

Извор: skopjeinfo.mk