Такси возилата во 2024 „извртеле“ 51 милион километри низ Македонија
Актуелно

Такси возилата во 2024 „извртеле“ 51 милион километри низ Македонија

18. 05. 2025.

Такси службите во 2024 година превезоа над 15,8 милиони патници

Според информациите од Државниот завод за статистика, во текот на 2024 година, такси службата транспортирала вкупно 15.838.000 корисници.

Од оваа бројка, 14.670.000 патници биле превезени во рамките на градскиот сообраќај, додека 1.168.000 лица користеле такси превоз за меѓуградски дестинации.

Вкупно 51.250.000 километри биле поминати од страна на 1.698 патнички возила. Во однос на километражата, 45.149.000 километри се реализирани во градскиот сообраќај, а 6.101.000 километри во меѓуградскиот превоз.

Извор: biznisinfo.mk