Студентите имаат уште 10 дена за аплицирање за ваучери за електронски уреди
Актуелно

Студентите имаат уште 10 дена за аплицирање за ваучери за електронски уреди

10. 12. 2025.

Министерството за дигитална трансформација известува дека остануваат уште 10 дена за аплицирање за студентски ваучери за електронски уреди.

Досега се доделени вкупно 42.606 ваучери, од кои се искористени 27.426.

Согласно актуелниот проект на Владата, кој се реализира во соработка помеѓу Министерството за дигитална трансформација, Генералниот секретаријат на Владата и Министерството за образование и наука, предвидени се вкупно 55.000 ваучери за електронски уреди за студентите на додипломски студии, запишани во учебната 2025/26 година.

Рокот за аплицирање од страна на студентите е до 20.12.2025 година, а искористувањето на ваучерите ќе биде со рок до 31.12.2025 година.

Извор: skopjeinfo.mk