
Податоците на Агенцијата за електронски комуникации се однесуваат на периодот заклучно со третиот минатогодишен квартал. Притоа, во вкупната претплатничка база има 833.089 резиденцијални припеид претплатници, 1.024.072 резиденцијалн постпеид и 248.306 деловни постпеид претплатници.
Според операторите, распределбата на претплатниците е сконцентрирана кај А1 Македонија со 47,41 отсто и Македонски Телеком со 46,68 отсто. Уделот на М ТЕЛ е 4,55 проценти, на Телекабел 1,27 и Греен мобиле 0,10 проценти.
Што се однесува до приходите од малопродажбата на мобилните услуги, Македонски Телеком остварил 49,49 насто, А1 Македонија 48,58 насто, М ТЕЛ 0,93 насто, Телекабел 0,79 насто и Греен мобиле 0,11 насто.
Искористувањето на интернет преку мобилна мрежа (2G/3G/4G) исто така е значајно – во третиот квартал пристап до интернет имале 1.781.697 претплатници.
Во фиксната телефонија, пак, заклучно со третиот квартал од 2025 година има 459.643 линии. Преку нив се остварени 13.538.044 минути разговор. А, уделот на операторите е: Македонски Телеком 51,68 проценти, А1 Македонија 43,34, Телекабел 3,17, Неотел 1,26 и Актон 0,55 проценти.
