- Поради изведување на завршните градежни работи на пругата Скопје-Велес, на делницата од станица Скопје до станица Зелениково за потребите на проектот ‘Градски воз’, привремено од 22 јуни 2026 до 1 јули 2026 година, нема да сообраќаат неколку возови – соопштија од Јавното претпријатие Македонски железници – Инфраструктура.
Станува збор за патничките возови на релација Скопје – Гевгелија 611 (06.20) и 631 (16.55) и Гевгелија – Скопје 630 (04.30) и 632 (17.02); потоа на релација Скопје – Битола 641 (07.06) и 645 (20.05) и Битола – Скопје 640 (03.10) и 644 (18.22); на релација Битола – Велес 642 (12.46) и Велес-Битола 643 (15.25) и на релација Скопје – Велес 2083 (22.40) и Велес – Скопје 600 (05.00).
