А1 Македонија веќе петта година по ред успешно ја спроведува практикантската програма А1 WayUp!
Успешни бизнис приказни

А1 Македонија веќе петта година по ред успешно ја спроведува практикантската програма А1 WayUp!

27. 04. 2026.

Програмата е вистинска можност за младите што се на крај или, пак, ги завршиле своите студии и сакаат да работат во меѓународна компанија и да стекнат знаење и искуство преку работа на реални проекти. Станува збор за платена практика во времетраење од 6 (шест) месеци каде што практикантите работат со полно работно време и конкретни работни задачи.

А1 WayUp оваа година им овозможи на 16 студенти да го направат својот прв чекор во професионалната кариера, стекнувајќи искуство во клучни области како автоматизација, анализа на податоци, IT-инфраструктура, сајбер безбедност, бизнис трансформација и човечки ресурси.

Програмата A1 WayUp e одличен почеток за сите оние што сакаат нови искуства и знаења. А1 Македонија секогаш ги отвора вратите за оние што сакаат да го градат својот кариерен пат правилно, чекор по чекор. Верувам дека тоа што младите практиканти ги движи напред е чувството дека придонесуваат за А1 Македонија, дека се дел од големата слика, стратегијата и културата, поттик кон дигиталниот начин на живот и иновативните начини на работа. Ние сме дел од една интернационална компанија, која е предводена од доверба, тимска работа и агилен начин на работа. Никогаш не било полесно да размениш експертски познавања како дел од една голема групација или, пак, да работиш во меѓусекторски тимови и интернационални проекти или, пак, на дланка да ги имаш најсовремените технологии од областа. Тоа се прави на единствен и уникатен А1 начин – истакна Маја Анчевска, Talent Acquisition Expert во А1 Македонија.

Тоа што А1 Македонија со сигурност може да го понуди е работа со искусни експерти, можност за работа на креирања нови решенија, истражување нови работи и нивна реализација. Патот кон успехот е предводен од идеи, резултати и заемна почит, но не и хиерархија. Зборот практикант е нешто што е на напишано на парче хартија, а целосно ќе се уверите во тоа кога ќе влезете на вашиот прв состанок и ќе ги добиете првите работни задачи. Имајте доверба во себе и започнете да го градите својот пат.

Особено сме горди на фактот што набрзо ќе започнеме со подготовки за пречекување на шестата генерација по ред A1 WayUp млади таленти, па оттука сите информации ќе бидат навремено и транспарентно споделени, а во меѓувреме им посакуваме огромен успех на сите оние што испишаа 5-годишна приказна од оваа програма со А1 Македонија.