Новата давачка е наменета за покривање на трошоците за царински контроли и обработка на огромниот број мали пратки што пристигнуваат во ЕУ.
Оваа такса е одделна од царината од 3 евра за пратки со вредност под 150 евра, која се применува од 1 јули. Двете мерки имаат за цел да го регулираат увозот и да создадат порамноправни услови за трговците.
Важно е да се напомене дека новата такса не се применува автоматски и на нарачките во Македонија, бидејќи мерката се однесува на пратките што пристигнуваат во Европската Унија.
