Преспа добива 188 километри велосипедски и планински патеки: Нови маршрути од езерото до планините
Актуелно

Преспа добива 188 километри велосипедски и планински патеки: Нови маршрути од езерото до планините

02. 11. 2026.

Преспанскиот Регион добива нова туристичка инфраструктура со 188 километри велосипедски и планински патеки, кои ќе ги поврзат природните убавини, населените места и туристичките локалитети – од брегот на Преспанското Езеро до планинските предели.

Велосипедските маршрути ќе ги опфатат Коњско, Стење, Ресен и селата долж западниот брег, како и јужниот дел на Преспа, сè до Маркова Нога кај Долно Дупени.

Проектот предвидува уредување и обележување на патеките, поставување патокази и информативни табли, како и изградба на видиковци, летниковци и места за одмор.

Целта е да се поттикнат велосипедизмот, планинарењето и одржливиот туризам, да се привлечат повеќе домашни и странски туристи и да се отворат нови можности за локалните бизниси.

Активностите се реализираат преку програмата „ЕУ за Преспа“, финансирана од Европската Унија и имплементирана од УНДП, во партнерство со национални и локални институции.