Како што истакна Стамнова, одговорајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата во Царинската управа, сè помала е тенденцијата на бизнисот за работење со документи во хартиена форма.
“Имаме зголемување на бројот на отворени, наспроти затворени компании. Евидентен е интересот кај бизнисот за дигитализирано, електронско работење“, потенцира директорката.
На прес-конференцијата беше соопштено дека Царинската управа и Централниот регистар се поврзуваат електронски што ќе значи големо олеснување за граѓаните кои не ќе мораат да шетаат од шалтер на шалтер, туку потребните документи ќе ги добиваат електронски.
