Сè уште е рано за временската прогноза за Нова Година, но во моментов ништо не укажува на посилен студен бран до крајот на 2025 година.
Статистиката од претходните мерења покажува дека три од 10 новогодишни ноќи на Балканот се снежни, три дождливи и три суви или магловити. Со други зборови, шансата за снег е околу 30% – и главно во планинските подрачја.
Затоа, ако планирате снег за Нова Година, најдобро е да се одлучите за повисоки планински центри, каде што шансите за снежна покривка се традиционално најголеми, советуваат метеоролозите.
