Шведскиот премиер призна дека користи ChatGPT за совети околу водење на државата
Актуелно

Шведскиот премиер призна дека користи ChatGPT за совети околу водење на државата

11. 08. 2025.

Оваа изјава наиде на критики

„Го користам доста често“, изјави Кристерсон. „Ако ништо друго, за да добијам 'второ мислење'. Што направиле другите? Треба ли да мислиме сосема спротивно?“

Оваа изјава наиде на критики, особено од стручњаци за одговорна употреба на вештачка интелигенција. Професорката Вирџинија Дигнум предупреди дека потпирањето на вештачка интелигенција за едноставни работи носи ризик од прекумерна доверба во системот.

Сличен став изнесе и новинарката Сигне Кранц, која предупреди дека управувањето со државата преку четботи е опасно, нагласувајќи дека четботите често пишуваат она што мислат дека сакате да го слушнете, а не она што ви е потребно.

Критиките го истакнуваат ризикот од пристрасни или неточни одговори од четботовите, особено ако се користат за потврдување на веќе формирани ставови, наместо за објективни совети. Сè уште не е јасно дали Кристерсон навистина се потпира на ChatGPT за државни одлуки или само сакал да изгледа модерно, но овој случај го отвора прашањето за границите на употребата на вештачката интелигенција во донесувањето одлуки.

Што мислите дали нашиот премиер користи вештачка интелигенција?Или треба да почне?