Повеќе од една деценија HR Days конференцијата ги обединува експертите од областа на управување со луѓе, нудејќи инспиративни предавања, практични работилници и иновативни стратегии за градење отпорно и ангажирано работно опкружување.
Едно од највпечатливите предавања доаѓа од James Michael Lafferty, глобален лидер чие искуство ги инспирира менаџерите и CEO-ата ширум светот.
James Michael Lafferty е претседател на Управниот одбор на Katapult Digital, меѓународна маркетинг агенција, како и на KARE Homecare, водечка компанија за домашна здравствена нега на Блискиот Исток. Често се опишува како еден од најпосебните и најразновидни деловни лидери на денешницата, со кариера која опфаќа речиси 40 години меѓународно искуство во менаџмент, маркетинг и организациски развој низ целиот свет.
Lafferty ја започнал својата кариера како млад тренер по атлетика, што набрзо довело до негово регрутирање во престижната Brand Management програма на Procter & Gamble. Во текот на децениската работа на врвни менаџерски позиции, бил CEO и висок извршен менаџер во компании како Procter & Gamble, Coca-Cola и British American Tobacco, а подоцна и глобален CEO на Fine Hygienic Holding – компанија со илјадници вработени и деловно присуство во повеќе од 75 земји.
James е и олимписки тренер по атлетика кој водел спортисти на Олимписките игри во 2016, 2021 и 2024 година. Меѓу неговите најпознати спортски успеси е работата со полскиот скокач со стап EJ Obiena, кого го довел до светски вицешампион и четврто место на Олимписките игри. Покрај тоа, активно се натпреварува како маратонец и светски шампион во powerlifting.
Неговите професионални квалитети се потврдени и со бројни признанија: CEO of the Year (Дубаи), како и повеќекратно вклучување меѓу Топ 100 CEO-а на Блискиот Исток според Forbes.
За што ќе зборува?
Во своето предавање „Elevating Your Performance: From Being a ‘Swimmer’ to a ‘Waterwalker’“, Lafferty ќе објасни како повеќето поединци и тимови застануваат на нивото на добри изведувачи – „пливачи“. Но вистинските лидери, тимови и организации успеваат да „одат по вода“ – постигнувајќи резултати што ги трансформираат и луѓето и културата околу нив.
Овој концепт не е прашање на генетски предиспозиции или среќа, туку на усвојување конкретни стратегии и ставови кои овозможуваат врвна изведба. Lafferty користи примери од спортот како едукативна и визуелна алатка за пренесување во деловен контекст, покажувајќи како квалитетите на врвните спортисти можат да се применат за унапредување на перформансите и во организациите.
Учесниците веќе следниот ден ќе можат да започнат да ја подигнуваат својата изведба на ниво на „waterwalker“ – како поединци и како тимови.
