Според податоците од истражувањето поддржано од УНФПА, најчести форми на насилство се ширење невистини и озборувања (24%), навреди (22%) и социјално исклучување (15%).
Проблемот станува сè посериозен. Во текот на минатата учебна година до Министерството за образование биле пријавени над 120 случаи на насилство, а истражувањата покажуваат дека врсничкото малтретирање е во пораст по пандемијата.
Иако Министерството донесе нов правилник со мерки за превенција и пријавување, експертите предупредуваат дека училиштата немаат доволно психолози и педагози за соодветна поддршка на децата.
Бројките покажуваат дека булингот не е изолиран проблем, а заштитата на учениците сè уште останува голем предизвик.
