Монтери на клима-уреди и сервисери заработуваат над 1.000 евра месечно – занает кој станува злато вреден
Актуелно

Монтери на клима-уреди и сервисери заработуваат над 1.000 евра месечно – занает кој станува злато вреден

17. 07. 2025.

Побарувачката расте од година во година – не само заради се потоплите лета и задолжителната климатизација во домовите, туку и поради проширувањето на комерцијалните објекти кои бараат квалитетно ладење и греење преку цела година

Во време кога се повеќе млади луѓе заминуваат во странство или се двоумат дали занаетчиството носи стабилна иднина, пазарот јасно покажува: некои професии се барани повеќе од кога било. Монтерите и сервисерите на клима-уреди денес заработуваат просечно по 1.000 евра месечно, а платите одат и над тоа.

„Ги нема. Буквално ги бараме со месеци, а добри мајстори се бројат на рака. Секој што работи совесно и знае да монтира, денес може да заработува повеќе од ИТ-инженер на почеток на кариера“, вели сопственик на компанија за климатизација од Скопје.

Побарувачката расте од година во година – не само заради се потоплите лета и задолжителната климатизација во домовите, туку и поради проширувањето на комерцијалните објекти кои бараат квалитетно ладење и греење преку цела година. Дополнително, недостигот на стручна работна сила го крева нивото на плати во овој сектор.

„Ова не е сезонска работа како што многумина мислат. Денес се работи и лете и зиме – сервисирање, поставување, одржување... Сите бараат брза и стручна услуга“, додава истиот извор.

Иако не е потребно високо образование, оваа професија бара одговорност, техничка прецизност и познавање на основни електро и машински принципи. Но тоа не ја намалува атрактивноста на занаетот, туку напротив – покажува дека со солидна обука и практична работа може да се стигне до пристојна заработка за релативно кратко време.

Во услови на постојан одлив на работна сила кон странство, ова е можност за младите да изградат стабилна кариера тука, во сопствената земја. 

Пораката е јасна: добриот занает денес не само што се плаќа – туку навистина се исплаќа

Во моментов активни огласи се: ПЛАТА 60 000 денари КЛИКНИ ТУКА  Одружувач на клима уреди КЛИКНИ ТУКА