Нови правила на македонските патарини од денес: Еве што се менува за корисниците на МTAG и МCard
Актуелно

Нови правила на македонските патарини од денес: Еве што се менува за корисниците на МTAG и МCard

15. 06. 2026.

Од 15 јуни стапуваат во сила нови правила за наплата на патарините во Македонија. Лентите за МTAG ќе бидат наменети само за електронски тагови, додека корисниците на МCard ќе користат други ленти.

Од денеска на сила стапуваат нови правила за користење на наплатните станици на автопатиштата во Македонија, со цел побрза и поефикасна наплата на патарините. Според информациите од Јавното претпријатие за државни патишта, лентите наменети за системот МTAG отсега ќе можат да ги користат исклучиво возила кои плаќаат со електронски тагови. Со ова се укинува досегашната можност на овие ленти да се плаќа и со МCard картички.

Возачите кои користат МCard ќе треба да ја реализираат наплатата преку останатите достапни ленти на наплатните станици, согласно нивната намена и означување. Од Јавното претпријатие апелираат до сите учесници во сообраќајот внимателно да ги следат информативните електронски табли и сообраќајната сигнализација поставена пред патарините, со цел да се избегнат непотребни застои и задржувања.

Надлежните очекуваат новиот режим на работа да придонесе за побрз проток на возила, особено во периодот на зголемена фреквенција на сообраќај во текот на летната сезона.

Извор:trn.mk