Извештајот се заснова на тоа како луѓето го оценуваат сопствениот живот, а рангирањето за 2026 година ги опфаќа просечните оценки за периодот од 2023 до 2025 година.
Од земјите во регионот, Србија е на 30. место, Босна и Херцеговина на 47., Црна Гора на 60., Хрватска на 70., а Албанија на 86. место. Словенија е на 18. позиција.
Според извештајот, среќата не зависи само од приходите и економската состојба. Важна улога имаат и социјалната поддршка, здравјето, личната слобода, дарежливоста и довербата во општеството.
Кај Македонија, меѓу факторите што се издвојуваат се перцепцијата за корупцијата и социјалната поддршка, односно чувството дека граѓаните имаат на кого да се потпрат кога се соочуваат со тешкотии.
