„Понеси си костим за капење!“ – КРОШУ Детската Авантура собра 1.250 деца во ден за паметење
Успешни бизнис приказни

„Понеси си костим за капење!“ – КРОШУ Детската Авантура собра 1.250 деца во ден за паметење

18. 09. 2026.

„Понеси си костим за капење!“ беше доволно за да ја разбуди детската љубопитност. А она што ги очекуваше најмладите беше многу повеќе од обична забава.

„Понеси си костим за капење!“ беше доволно за да ја разбуди детската љубопитност. А она што ги очекуваше најмладите беше многу повеќе од обична забава.

Изминатиот викенд, Кромберг и Шуберт Битола организираше ново издание на КРОШУ Детска Авантура, настан кој собра околу 1.250 деца и нивните семејства во ден исполнет со игра, вода, музика, дружење и многу незаборавни моменти.

Овојпат, просторот се претвори во вистинска летна оаза. Со водени замоци, пена забава, музика, маскоти, детски активности, храна, освежување и, секако, сладолед.

Но, КРОШУ Детската Авантура започна со нешто уште поважно, а тоа е можноста децата да влезат во светот во кој секојдневно работат нивните родители.

Еден поинаков поглед кон работното место на мама и тато.

Пред да започне забавата, најмладите имаа можност да ја посетат компанијата и одблиску да се запознаат со работната средина на своите родители.

Преку презентација прилагодена на нивната возраст, тие дознаа повеќе за Кромберг и Шуберт, за производството и за процесот на изработка на кабелските снопови.

Она што за возрасните е дел од секојдневната работа, за децата беше нов свет за откривање и можност да видат каде нивните родители го минуваат својот работен ден и да разберат дел од приказната што стои зад нивната професија.

За многумина тоа беше прва ваква посета, а за родителите, посебен момент своето работно место да го споделат со оние кои им значат најмногу.

А веднаш потоа, започна вистинската водена авантура.

По посетата на компанијата, сериозниот дел од денот брзо му отстапи место на најважното правило на КРОШУ Детската Авантура, да се игра без престан.

Водените замоци веднаш станаа едни од најпосетените места, а летната атмосфера дополнително ја раздвижија музиката и пена забавата.

За неколку моменти просторот беше исполнет со вода, меурчиња, музика и стотици деца кои уживаа во програмата. Дека возраста не е пречка за добра забава покажаа и родителите, кои заедно со најмладите уживаа во музиката и атмосферата.

Маскоти, фотографии и спомени што се носат дома.

Посебно внимание привлекоа и маскотите. Жирафата, слонот, крокодилот и лавот, кои брзо станаа омилени партнери за фотографирање и дружење.

Секој дел од просторот нудеше ново изненадување, а програмата беше дополнета со вкусно гиро, освежителни пијалаци и неизбежниот фаворит на најмладите, сладоледот.

Организаторите се погрижија спомените од денот да не останат само на телефоните. Децата имаа можност да се фотографираат во специјално подготвениот простор и да понесат фотографија со себе, а дополнителните подароци беа уште еден мал потсетник на денот поминат со семејството и пријателите.

Ова беше повеќе од детски настан...

И зад бројката од околу 1.250 деца не стои само успешно организиран настан.

Стојат 1.250 мали причини да се создаде нешто повеќе од еден обичен работен ден.

Преку организирањето на вакви настани, Кромберг и Шуберт создава можности за дружење, заеднички моменти и убави спомени за вработените и нивните семејства.

КроШу Детската Авантура уште еднаш покажа дека најубавите моменти се оние што се споделуваат – со колегите, со пријателите, но пред сè со семејството.

И можеби токму затоа оваа детска авантура најдобро ја опишува максимата:

„Човештвото им должи на децата сѐ најдобро што може да им се даде.“

Кромберг и Шуберт Битола упатуваат голема благодарност до своите соработници Индустри сервис и МИГ Травел за нивниот удел во организација на настанот.