На денешната седница на Советот беа разгледани повеќе прашања од значење за работниците, работодавачите и пошироката јавност, со фокус на конкретни мерки и законски решенија.
Меѓу точките на дневниот ред беше и Годишниот извештај за работата на Советот за 2025 година, при што беа анализирани постигнатите резултати и можностите за понатамошно унапредување на социјалниот дијалог.
Се дискутираше и за Предлог-законот за младински додаток, кој има за цел поддршка на младите и поттикнување на нивната економска активност, како и за измените на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, особено во делот на бенефицираниот стаж за работници во одредени професии.
На седницата беше разгледан и Оперативниот план за вработување за 2026 година, со кој се предвидуваат средства за поддршка на самовработување, отворање нови работни места и обуки. Планот се очекува да биде објавен во наредниот период.
Дополнително, се разговараше за Предлог-законот за заштита од пушење, како и за Извештајот за работењето на Агенцијата за вработување.
