Според информациите споделени од Министерството за транспорт, позасилена динамика на работа на терен започнала од октомври 2024 година, а во меѓувреме биле реализирани значителни активности на клучните делници.
Во текот на реализацијата се појавиле и финансиски предизвици, откако кинеската ЕКСИМ банка не одобрила дополнителни 175 милиони евра потребни за продолжување на изградбата. Поради тоа, државата обезбедила алтернативно финансирање преку синдициран заем од домашни комерцијални банки, со цел да не дојде до ново пролонгирање на проектот.
Проценетата вредност на автопатот изнесува околу 13,5 милиони евра по километар. Изградбата на делницата Охрид–Кичево со години е предмет на јавни дебати поради честите пролонгирања, анекси и промените во роковите за завршување.
