Одредувањето соодветна плата за нова позиција е еден од клучните, но и најосетливи чекори во процесот на вработување.
Целта е да се пронајде рамнотежа: да понудите доволно висока плата за да привлечете и задржите квалитетни кандидати, а истовремено да внимавате да не ги надминете финансиските можности на компанијата.
Во продолжение ви ги пренесуваме насоките кои можат да ви помогнат појасно, поправедно и стратешки да го поставите распонот на плати за новото работно место.
Еден износ не е доволен
Наместо да се фокусирате на еден износ, многу попрактично е да дефинирате распон на плата: минимална, средна и максимална вредност. Таквиот пристап овозможува флексибилност и ги зема предвид разликите во искуството и компетенциите на кандидатите.
Полазната точка може да биде едноставна: платата е инвестиција, а секоја инвестиција треба да има оправдување. Затоа најпрво одредете го максималниот износ што сте подготвени да го вложите во таа работна позиција. Понекогаш буџетот е веќе утврден, но ако не е, потребно е реално да се процени.
Во тоа особено може да ви помогне MojaPlata.mk, бидејќи овозможува донесување одлуки засновани на реални и објективни податоци.
