Овој удел е многу повисок од просекот на Европската Унија од 1,7 oтсто, но и повеќе од двојно во споредба со земјите во регионот.
Во Албанија, придонесот на земјоделството во економијата се намалува со текот на годините, при што во 2019 година овој показател изнесувал 21 отсто, но земјата сè уште останува најземјоделска во Европа.
На второто место е Косово, каде земјоделството придонесува со 8,8 отсто од бруто додадената вредност. На трето место е Северна Македонија, со 8,8 отсто, по што следуваат Црна Гора со 6,5 отсто, Турција со 6,3 отсто и Босна и Херцеговина со 5 отсто.
Во регионот, Србија има најнизок удел на земјоделството, со 3,7 отсто, што е пониско дури и од Грција (3,8 отсто) и Хрватска (4,1 отсто).
Извор: faktor.mk
