Почнува страсната седмица – Кои работи не треба да ги правите?
Актуелно

Почнува страсната седмица – Кои работи не треба да ги правите?

06. 04. 2026.

Народот оваа недела често ја нарекува и „Чиста недела“, бидејќи фокусот е на тотално чистење, и на домот и на грешните мисли.

Од денес, 6 април, православниот свет влегува во најважниот, најстрогиот и најмистичниот период во годината, Страсната седмица (Седмица на страдањата). Ова е време кога, според верувањата, се решава судбината на душата за целата следна година.

Што е тоа Страсна седмица?

Ова е последната недела од земниот живот на Исус Христос. Секој ден се нарекува „Велик“ и секој ден е посветен на посебен настан: од влегувањето во Ерусалим, преку предавството на Јуда и распнувањето, па сè до неговото Воскреснување.

ВЕЛИКИ ПОНЕДЕЛНИК

Денешниот ден, Велики понеделник, е посветен на старозаветниот патријарх Јосиф, кого браќата го продале во ропство, но и на евангелската приказна за неплодната смоква.

Исус ја проколнал смоквата бидејќи немала плодови, само лисја. Поуката е сурова, но јасна: „Тешко на оние кои само глумат верници, а немаат добри дела“.

Што се прави денес? Ова е денот за „големото спремање“. Православната традиција налага денес мажите да ги поправаат сите расипани работи во куќата, а жените да почнат со темелно чистење. Сè што е скршено или непотребно се фрла за да се ослободи простор за благодатта.

Ритуали и симболика на секој ден од Страсната седмица

Велик Понеделник: Големи поправки во домот и чистење на отпадот. Се потсетуваме на лекцијата за плодната душа.

Велик Вторник: Ден за грижа за облеката – перење, пеглање и подготвување на празничните алишта. Се читаат поуките за мудроста.

Велика Среда: Последен ден за грубите домашни работи. Ова е денот кога традиционално се купуваат јајцата за Велигден. Се потсетуваме на предавството на Јуда.

Велик Четврток (Чист Четврток): Најважниот ден за хигиената. Се верува дека капењето пред изгрејсонце ги мие сите гревови и болести. Попладне се фарбаат првите јајца.

Велик Петок: Ден на тишина и најстрог пост. Не се работи апсолутно ништо, ниту во куќата, ниту на нива. Се сочуствува со страдањето на Христос.

Велика Сабота: Ден за месење на велигденските лепчиња и погачи. Доцна навечер се оди во црква за да се дочека Воскресението.

Кои работи не треба да ги правите?

И да не постите не се прејадувајте. Не заборавајте да побарате прошка од луѓето на кои сте им згрешиле. Што не треба да правите во последната седмица пред Велигден, позната и како страсна седмица?

Што не треба да правиме во овие седум дена?
Да не го чекаме последниот ден за да одиме во црква
Вообичаено во страсната седмица секојдневно има повеќе богослужби.

Иако православните христијани традиционално одат на богослужби во последните три дена од седмицата (четврток, петок и сабота) се препорачува тоа да се прави во текот на целата седмица.

Да не се прејадуваме
Иако некои луѓе воопшто не постат за празниците, сепак црквата препорачува барем во последните неколку денови пред Велигден да се потрудиме да намалиме со внесувањето на храна.

На тој начин ќе се потсетиме себеси дека ни е потребно само она што Бог ни го дава.

Да не се опседнуваме со социјални мрежи и други „пороци“

Освен што треба да се воздржуваме од мрсна храна, добро би било во овие седум дена да ги исчистиме мислите од работите што нè оттргнуваат од верата.

Така потребно е да се воздржуваме од целодневно седење на социјалните мрежи, гласна музика и сите други пороци, од кои сме зависни.

Да не заборавиме на молитвата

Да не заборавиме дека треба да се помолиме и во тишина да застанеме пред иконите.

Освен во црквите и храмовите, можете да се помолите и дома и да одвоите барем 10-тина минути во денот, кога во тишина ќе му се помолите на Христос.

Да не заборавиме да побараме прошка од луѓето на кои сме им згрешиле

Ако сме згрешиле некому, убаво би било во оваа недела да му побараме прошка, па ако е возможно и заедно да појдеме на некоја од богослужбите.

Да му се помолиме на Бога да го омекне срцето на другите и да ни помогне да се ослободиме од лошите мисли и емоции кон другите.

Да не ги одминувате болните или осамените

Во оваа недела не треба да заборавиме да им обрнеме внимание и на болните и осамените луѓе во наша близина.

Да им подадеме рака, за да не се чувствуваат заборавени и напуштени.

Да не заборавиме да одиме во црква и во неделата по Велигден

Неделата по страсната седмица се нарекува уште и светла седмица, односно тоа се денови кога повторно секој ден има литургии во црквите и во манастирите.

Освен што ќе одиме во црква пред големиот празник, убаво би било да одвоиме време и да ги посетиме црквите и по празникот.

Извор: glamur.mk