Минатата недела, во рамките на настанот „Креативен ден“ во Битола, Sara Fashion со гордост беше еден од главните спонзори, поддржувајќи платформа која ја слави креативноста на младите, талентот и иднината на модната индустрија. Темата на ревијата беше „Филм“ - инспирација за креативно истражување на приказни, емоции и карактери, претворени во личен уметнички израз. Креациите беа изработени од учениците од Средното текстилно училиште во Битола, во соработка со професионални дизајнери кои ги водеа и менторираа низ целиот креативен процес.

Оваа година, на самата ревија, доделивме 23 ваучери на ученици кои се истакнаа со својата посветеност, креативен израз и активно учество во процесот на работа со ментори. Тие се пример за новата генерација на таленти кои со својата енергија и труд веќе го обликуваат идниот правец на модната сцена.

Во Sara Fashion, менторството не е само дел од процесот, тоа е темел на нашата култура и наша најголема вредност. Ние градиме средина во која знаењето се пренесува, се надградува и се живее секојдневно. Ги поддржуваме луѓето што покажуваат потенцијал, им даваме простор да растат и ги наградуваме нивните резултати и посветеност.


Голем дел од нашите денешни лидери се токму луѓе кои својата кариера ја започнале внатре во компанијата - растејќи чекор по чекор, со поддршка, доверба и јасна визија. Токму затоа, ние, Sara Fashion веруваме во едно едноставно, но силно правило: најсилните приказни се создаваат одвнатре!


