МОТОЦЕНТАР: Континуираниот развој на луѓето е во сржта на нашата стратегија
Актуелно

МОТОЦЕНТАР: Континуираниот развој на луѓето е во сржта на нашата стратегија

08. 04. 2026.

Веруваме дека одржливиот успех на една организација не доаѓа само од процеси и системи, туку од луѓето кои ги водат, унапредуваат и секојдневно им даваат смисла. Затоа, развојот на лидерството не го третираме како еднократна иницијатива, туку како континуиран и стратешки процес.

Во таа насока во изминатите 9 месеци, ние во Мотоцентар заедно со HR solutions имплементиравме сеопфатна програма за развој на средниот менаџмент – клучниот слој кој ја поврзува стратегијата со извршувањето.

Оваа програма која содржеше 3 модули не беше дизајнирана како класична обука. Таа беше внимателно структурирана како развојно патување, со јасна цел: да создадеме лидери кои не само што управуваат, туку вистински влијаат. Лидери кои инспирираат, поттикнуваат доверба, создаваат силни тимови и негуваат култура на отвореност и ангажираност.

Фокусот беше на ставен на: современи лидерски практики, емоционална интелегенција, ефективна комуникација, донесување одлуки, како и стратегија и водење промени.

Она што ја направи разликата беше пристапот: учење преку искуство, отворен дијалог, споделување реални предизвици и градење средина во која растот е заеднички процес.

Од оваа програма веруваме дека резултатот ќе значи:

• Посигурни лидери
• Поангажирани тимови
• Подобри и поодржливи резултати

Но уште поважно – поставивме основа за култура во која лидерството не е позиција, туку однесување. Култура во која луѓето растат, преземаат одговорност и активно придонесуваат кон заедничкиот успех.