Започна РЕГИОНАЛНИОТ САЕМ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ! Компании од целиот регион ги отвораат вратите за нови кандидати!
Актуелно

Започна РЕГИОНАЛНИОТ САЕМ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ! Компании од целиот регион ги отвораат вратите за нови кандидати!

20. 10. 2026.

Од 20 до 27 октомври, најголемиот онлајн Регионален саем за вработување повторно ги поврзува работодавачите и кандидатите од регионот. Компаниите добиваат можност да допрат до поширок круг потенцијални вработени, а посетителите на едно место можат да истражуваат огласи, да запознаат компании и да го направат првиот чекор кон нова работа.

Вистинскиот кандидат за одредена работна позиција можеби живее во соседна држава. А подобрата работа можеби се крие токму во компанија за која кандидатот досега немал можност да слушне.

Токму ваквите поврзувања ги овозможува Регионалниот саем за вработување 2026, најголемиот онлајн саем за вработување во регионот, кој започна денес и ќе трае до 27 октомври.

Саемот се организира во соработка со водечките портали за вработување во регионот – Vrabotuvanje.com.mk од Македонија, MojPosao од Хрватска, Poslovi Infostud од Србија и MojPosao.ba од Босна и Херцеговина како дел од групацијата Alma Career.

За учество е потребен само пристап до интернет, преку компјутер, таблет или мобилен телефон. Посетителите можат да ги истражуваат можностите за вработување 24 часа дневно, во текот на сите осум дена од Саемот.

Кога потрагата по вработени ги надминува границите

Во време кога пронаоѓањето соодветен кадар претставува еден од најголемите предизвици за многу компании, можноста за поврзување со кандидати надвор од домашниот пазар станува сè поважна.

Регионалниот саем за вработување им овозможува на работодавачите да допрат до поширок круг потенцијални вработени и да ги претстават своите отворени работни позиции пред кандидати до кои можеби не би стигнале преку вообичаените канали за регрутација.

Но, претставувањето на компаниите не завршува само со објавување огласи.

Преку виртуелните штандови, фотографии, видеосодржини и искуства на вработените, посетителите можат подобро да се запознаат со работната атмосфера, тимовите, вредностите и можностите за професионален развој што ги нудат компаниите.

Повеќе можности и подобра слика за идниот работодавач

Без разлика дали барате прва работа, размислувате за промена на работното место или едноставно сакате да проверите какви можности нуди пазарот на трудот, Регионалниот саем за вработување ви овозможува на едно место да истражите различни компании и работни позиции.

Покрај информациите за отворените работни места, посетителите можат да дознаат повеќе за работната средина, организациската култура и искуствата на луѓето кои веќе работат во компаниите.

На овој начин, кандидатите добиваат појасна претстава за потенцијалниот работодавач и можат полесно да проценат дали одредена компанија одговара на нивните очекувања, уште пред да испратат апликација.

Дополнителна можност за директна комуникација нуди и четот со претставниците на компаниите, преку кој заинтересираните кандидати можат да поставуваат прашања и да добијат повеќе информации за работните позиции и условите за работа.

Саем и за оние кои во моментов не бараат нова работа

Регионалниот саем за вработување не е наменет само за активните баратели на работа.

Тој е одлична можност и за сите кои се задоволни од своето моментално работно место, но сакаат да останат информирани за случувањата на пазарот на трудот.

Разгледувањето на понудата може да ви помогне да откриете колку се барани вашите знаења и вештини, кои професии се актуелни и какви можности за напредување постојат.

А можеби токму на Саемот ќе откриете компанија или работна позиција поради која ќе почнете да размислувате за нов кариерен предизвик.

Бројни домашни и регионални компании на едно место

Годинешното издание на Регионалниот саем за вработување обединува голем број компании од Македонија и регионот, кои преку своите виртуелни штандови ги претставуваат можностите за работа и професионален развој.

Меѓу учесниците се Alkaloid, Telekom, Stopanska Banka, Transcom, dm-drogerie markt, Valamar Riviera, Neptun, Lactalis, Lidl, Inditex, MaxBet и многу други.

Посетителите имаат можност да истражуваат различни индустрии, да се запознаат со потенцијалните работодавачи и да ги пронајдат можностите што најмногу одговараат на нивните интереси и квалификации.

Посетете го Регионалниот саем за вработување!

Регионалниот саем за вработување е отворен од 20 до 27 октомври 2026 година, а учеството за сите посетители е целосно бесплатно.

Без патување, без чекање во редици и без временски ограничувања – потребни ви се само неколку клика за да ги истражите можностите за вашата следна работа.

Без разлика дали го барате првото вработување, размислувате за промена или едноставно сакате да откриете што нуди пазарот на трудот, вистинската можност можеби веќе ве чека.

Посетете го Саемот на regionalnisajamposlova.com/mk/ и направете го следниот чекор во вашата кариера!