Во собраниска процедура се наоѓаат предлог измени и дополнувања на Законот за полиција и Законот за внатрешни работи. Предложените измени предвидуваат неколку структурни и организациски новини во рамките на Министерството за внатрешни работи.
Според предлог-законите, се укинуваат позиции како заменик началник и заменик командир, како и некои други хиерархиски функции. Исто така, Регионалните центри за гранични работи се предвидени да се припојат кон Секторите за внатрешни работи.
Дополнително, возрасната граница за вработување во полиција се предлага да се зголеми од 25 на 30 години.
Предлог измените се дел од пошироки законски усогласувања и се на дневен ред на иста собраниска седница со интерпелацијата на државниот јавен обвинител.
Тековниот Закон за внатрешни работи беше донесен пред неколку години со учество на експерти и меѓународни партнери, меѓу кои ЕУ и ОБСЕ.
