Како Femoflor® анализата на Биотек Лабораторија може да ви помогне за интимното женско здравје?

Како Femoflor® анализата на Биотек Лабораторија може да ви помогне за интимното женско здравје?

09. 08. 2019.

Новата молекуларна анализа Femoflor® е достапна во Биотек Лабораторија

Една до главните причини зошто жените одат на вонреден гинеколошки преглед е чувството на печење, зголемен секрет со непријатна миризба и болки во предел на гениталните органи.

Најчесто, овие непријатни симптоми се должат на дисбаланс, односно нарушена вагинална микрофлора, нарушена концентрација на лактобацили, како и нарушен баланс на микроорганизми кои ги има во вагиналната микрофлора.

Femoflor® претставува високо сензитивен молекуларен тест со принцип на Multiplex Real Time PCR метода, кој нуди можност за скрининг и квантитативна детекција на различни микроорганизми присутни во женската микрофлора.

Како може да ви помогне Femoflor® за интимното женско здравје?

Брзата, прецизната и точната дијагностика му овозможува на гинекологот да најде правилно решение на проблемот и да одбере правилна и ефикасна терапија.

За кого се наменети Femoflor®-1 и Femoflor®-2?

  • Жени со симптоми на воспаление (чувство на печење, чешање и зголемен вагинален секрет со непријатна миризба);
  • Жени кои се подготвуваат за бременост или гинеколошки интервенции;
  • Жени кои се лечат од стерилитет; и
  • При чести промени на партнерот, за превентивни прегледи и периодични гинеколошки прегледи, односно за сите кои водат грижа за своето здравје.

 

Грижи се за своето здравје и здравјето на своите најблиски.

Закажете термин уште денес!

Биотек Лабораторија - Центар

Ул. Аминта Трети 44, 1000 Скопје, Р. Македонија

+389 (0)2 311 2464 / 078 492 294

---

Биотек Лабораторија - Кисела Вода - Расадник

Ул. Христо Татарчев 43Б, 1000 Скопје, Р. Македонија

+389 (0)2 277 1020 / 078 243 429