Веројатно се прашувате каква врска има денот со тоа дали ќе бидете повикани на разговор или не? Појдете од тоа како вие функционирате на почетокот на неделата, а како на крајот.
Мејловите кои ги добивате при крајот на неделата (петок или сабота) најверојатно ќе ги оставите за следната недела затоа што веќе чувствувате замор и со нетрпение чекате да дојде викендот.
Во понеделник наутро, ви пристигнуваат нови мејлови и постои добра шанса да заборавите на пораките кои ви останале од претходната недела.
Барем така велат резултатите од веб страната Bright.com која со 6 милиони посетители месечно важи за четврта најдобра онлајн дестинација за барање работа во светот.
За да дојдат до ова сознание, во Bright.com анализирале 500 илјади апликации за работа и утврдиле дека најголемиот број кандидати се пријавуваат за работа во вторник, а 20 проценти од нив добиваат покана за разговор.
Најмалку кандидати се пријавуваат во сабота, а тоа е истиот ден кога резултатите се најслаби.
Кандидатите кои ги доставуваат своите апликации во понеделник имаат најголеми шанси за успех – 30% од нив добиваат покана за интервју.

