ТАВ: Ќе има пушачка соба по пасошката контрола на скопскиот аеродром

ТАВ: Ќе има пушачка соба по пасошката контрола на скопскиот аеродром

20. 09. 2019.

Ќе има пушачка соба по пасошката контрола на Меѓународниот аеродром Скопје, најавија од Тав Холдинг

Ќе има пушачка соба по пасошката контрола на Меѓународниот аеродром Скопје, најавија од Тав Холдинг. Турската компанија која управува со скопскиот и охридскиот аеродром решила да им излезе во пресрет на барањата на оваа група патници. Пушачката зона ќе се прави горе во делот после пасошката контрола, каде од лани има и детско катче.

Од Бодрум, менаџментот на ТАВ најави и други новини и нови инвестиции за аеродромите. Од годинава на целиот аерoдром има повеќе полначи за мобилни телефони. Сани Шенер, главен извршен директор и претседател на Холдингот Тав Аеродроми во едно од најубавите места во Турција денеска со македoнските новинари зборуваше за вкупната инвестиција на Холдингот. Повод е десетгодишнината откако ТАВ управува со македонските аеродроми. 

Шенер откри дека од Македонија ќе побараат концесија за управување со македонските аеродроми за нови 15 години.

извор: faktor.mk