Работниот стаж ќе може да се откупи

Работниот стаж ќе може да се откупи

06. 02. 2020.

Сите граѓани на кои им фали работен стаж за да добијат пензија, ќе можат да го откупат.

Собранието усвои закон и се очекува овие денови да излезе во службен весник, а со тоа и да стапи во сила. Од Пензиско – инвалидскиот фонд информираат дека околу 60 илјади лица ја чекале оваа можност.

Пресметувањето на сумата за исплата ќе се прави врз основа на 20% од просечната плата од претходната година објавена од Државниот завод за статистика. Можност за откупување на стажот имаат и членовите од семејството на осигуреник кој починал.

Со тоа може да се спроведе реализација на правото на семејна пензија.

извор: skopje24.mk