Српските медиуми пишуваат дека TV Happy ќе лансира своја академија за актери во реално шоу на која ќе предаваат победниците од Парови – реално шоу по кое е позната телевизијата.
Академијата е отворена за сите заинтересирани лица на возраст од 18 до 90 години кои сакаат да научат како треба да се однесуваат во реално шоу, но и како да победат. Предавањата ќе ги држат искусни учесници од реалното шоу Парови, а најдобрите кандидати ќе имаат можност да учествуваат во новите проекти на TV Happy кои стартуваат наесен, вели извор близок до продукцијата.
Парови е едно од најгледаните реални шоуа во регионот. Тоа е на програмата од 2010 година, а во него освен луѓе од Србија, имаше учесници и од Црна Гора, Босна и Херцеговина и Хрватска.

