Еве кога ќе може да се патува накај Грција

Еве кога ќе може да се патува накај Грција

16. 04. 2020.

Грција во средата ги продолжила рестриктивните мерки, забрана за патување, кои се однесуваат на воздушниот и морскиот сообраќај од странство.

Со заедничка одлука на министрите, Грција во средата ги продолжила рестриктивните мерки, забрана за патување, кои се однесуваат на воздушниот и морскиот сообраќај од странство.

Според одлуката на Министерствата за здравство, внатрешни работи и цивилна заштита, која во текот на денот ќе биде објавена во Службениот весник, летовите во/од Турција, Велика Британија, Холандија, Шпанија, Италија и Германија ќе бидат забранети до 15-ти мај, 2020-та година, до 15 часот, додека летови од/во Германија се дозволени само на Меѓународниот аеродром во Атина.

На држвјаните од останатите земји, во кои спаѓа и Македонија, нема да им биде дозволено да одат во Грција до 18-ти мај, 2020-та година. Според Шенгенскиот споразум, забраната не се однесува на државјаните во Европската унија.

Извор Точка.мк