Во секоја успешна компанија постојат луѓе кои не се препознаваат само по резултатите што ги постигнуваат, туку и по вредностите што ги живеат секој ден. Таа е една од нив, Елена Марачкова – Продажен претавник во продажбно сервисниот центар во Кислеа Вода.
Како продажен претставник, таа е вистински амбасадор на нашата компанија. Преку својата професионалност, интегритет и исклучителна посветеност, успеа да изгради силни и долгорочни односи со клиентите, засновани на доверба, почит и партнерство.
Успехот на Елена не произлегува од желбата да биде во центарот на вниманието, туку од постојаната подготвеност да ги разбере потребите на клиентите, да понуди решение и да создаде вредност. Токму затоа, многу од клиентите ја препознаваат не само како продажен претставник, туку како доверлив советник и партнер.
Она што дополнително ја издвојува е нејзината способност да го споделува своето знаење и искуство. Како ментор, таа има значајна улога во развојот на новите колеги, секогаш подготвена да помогне, да насочи и да охрабри.
И покрај бројните успеси, останува скромна, приземна и фокусирана на она што е најважно – квалитетна работа, задоволни клиенти и успешен тим. Нејзината ориентираност кон резултати оди рака под рака со високото чувство на одговорност, професионалност и почит кон секој соработник и клиент.
За нас, таа претставува пример за лојалност, истрајност и професионална зрелост. Доказ дека најголемите успеси се градат преку посветеност, континуирано учење и искрена грижа за луѓето.
Елена ни одговори и на неколку кратки прашања:
1. Која е тајната за да изградите долгорочна доверба со клиентите?
Долгорочната доверба се гради со искреност, доследност и добра услуга. Секогаш се трудам да му препорачам на клиентот тоа што навистина му одговара, а не само да направам продажба. Кога клиентот ќе види дека му мислиш добро, повторно се враќа.
2. Кој совет секогаш им го давате на новите колеги во продажба?
Долгорочната доверба се гради со искреност, доследност и добра услуга. Секогаш се трудам да му препорачам на клиентот тоа што навистина му одговара, а не само да направам продажба. Кога клиентот ќе види дека му мислиш добро, повторно се враќа.
3. Што е поважно во продажбата – добар производ или добар однос со клиентот?
И двете се подеднакво важни, добриот производ е клучен за продажба, а добриот однос е тоа што создава лојалност.
4. Што според вас го прави еден продажен претставник навистина успешен?
Познавање на производот, добра комуникација, професионален пристап и способност да изгради доверба со клиентите.
5. Кога би требало со три збора да се опишете како продажен претставник, кои би биле тие?
Посветена, искрена, професионална.
Горди сме што Елена е дел од тимот на Мотоцентар изминативе 3 години и што секојдневно придонесува кон нашата заедничка приказна за успех.
