Вучиќ за ТВ Пинк предмалку изјави дека првата мерка која стапува од вторник е намалување на полицискиот час за еден час со што истиот би треаел од 18 до 5 часот.
Им оставаме уште еден час на продавниците и аптеките за да можат да работат. Даваме еден час повеќе за работа, без да го загрозиме она што го постигнавме досега, изјави тој.
За пензионерите од овој вторник ќе се воведе можност за получасовна прошетка помеѓу 18 и 1 часот која ќе важи во вторник, петок и недела.
Со ова, лицата постари од 65 години кои се веќе еден месец во изолација ќе имаат можност да излезат од дома за време на полицискиот час со цел да се избегне мешање со останатите луѓе.
Од вторник на работа се враќаат и градежните работници, но притоа мора да носат заштитна опрема.
Вучиќ соопшти и некои важни датуми што се однесуваат на отворањето на останатите објекти. Такви се:
Од 21 април
Ќе се отворат занаетчиските објекти – продавниците за хемиско чистење, кондураџиите, кројачите, вулканизерите, автолакерите, продавниците за автомобили, велосипеди, технички производи и градежни материјали.
Од 27 април
Ќе се отворат продавниците до 300 метри квадратни, освен оние во големите трговски центри, фризерските салони, салоните за убавина (но со посебни заштитни мерки).
Од 4 мај
Ќе се отворат хотелите, бањите, меѓуградскиот сообраќај, рестораните и кафулињата (но со одржување на физичка дистанца на почеток).

