Дизниленд повторно отворен, а билетите распродадени за неколку минути

Дизниленд повторно отворен, а билетите распродадени за неколку минути

12. 05. 2020.

Тематскиот парк ќе применува мерки за безбедност, како примање ограничен број посетители.

Дизниленд во Шангај се отвора по четири месеци, откако кон крајот на јануари беше затворен поради епидемијата на Ковид-19 во земјата. Билетите за отворањето се продадоа за неколку минути. Тематскиот парк ќе применува мерки за безбедност, како примање ограничен број посетители.

Паркот Дизниленд во Шангај е првиот парк на Волт Дизни што се затвори поради пандемијата. Неговото повторно отворање е обид за финансиско закрепнување на компанијата, којашто изгуби 1,4 милијарда долари од профитот изминатиот квартал.

Засега парковите на Дизниленд во САД, Хонг Конг и во Париз остануваат затворени, иако компанијата минатата недела изјави дека планира да отвори одредени продавници и ресторани во Орландо, Флорида, на 20-ти мај.

Ситуацијата во Шангај е поинаква, а распродажбата на билетите покажува дека жителите на Кина се подготвени да се вратат на нормалниот живот. Сепак, во паркот ќе се почитува социјална дистанца и ќе се спроведува почеста дезинфекција, велат од компанијата. Одредени делови од паркот ќе останат затворени.

извор: biznisinfo.mk