Дојди до кариера од соништата со стипендија од Дата Мастерс!

Дојди до кариера од соништата со стипендија од Дата Мастерс!

03. 12. 2020.

Дата Мастерс ти нуди уникатна можност да се обучиш за најбараната професија во светот!

Македонската компанија Дата Мастерс започна со проект чија цел е помош на сите во време на глобална криза и доделува стипендии за Data Science Академијата со кои ќе им овозможи на 4 индивидуи полесно да ја започнат кариерата од соништата.

Во интерес на развојот на data-driven заедницата во Македонија, Дата Мастерс ќе додели 1x целосна, 1x половична и 2 стипендии од 30% за својата Data Science Академија која е верифицирана од Министерството за образование и наука.

Нашата цел е да ви дадеме можност за изработка на практичен реален проект каде што со помош на нашето консултантско искуство ќе ги направите првите чекори во оваа област, велат од Дата Мастерс.

Видови стипендии:

За оваа Data Science Академија, Дата Мастерс ќе додели:

  • Една целосна стипендија во вредност од 2500 евра
  • Една стипендија во вредност од 1250 евра
  • 2 стипендии во вредност од 750 евра

Кој може да аплицира?

Условите за стипендирање се доста едноставни, доколку имате 21-45 години и имате основно познавање од математика и статистика се што треба да направите е да го прикачите вашето CV во формуларот на линкот. По вашата апликација ќе бидете известени за термин за тестирање и доколку успешно го поминете тестирањето последниот чекор е интервју со нивните предавачи.