Како ќе изгледа најголемиот трговски центар во земјава Еast Gate Mall

Како ќе изгледа најголемиот трговски центар во земјава Еast Gate Mall

01. 03. 2021.

East Gate Mall е дел од модерниот и современ повеќенаменски комплекс Skopje East Gate

Еast Gate Mall ќе понуди врвно шопинг искуство со широк асортиман на продавници и избор од повеќе од 220 брендови; oд хипермаркет до место каде што ќе најдете сè за вашиот дом, најголемиот малопродажен ланец за бела техника и електроника, како и голем број на услуги на ваше располагање во секое време.

SEG (Skopje East Gate) – AK Invest

Почнувајќи од уникатниот дизајн на фасадата, па сè до импресивните аркади и стаклениот покрив на East Gate Boulevard со елегантните и пространи излози, секој дел од East Gate Shopping нуди уникатно искуство каде што ќе се чувствувате пријатно и ќе уживате во секој момент, без разлика дали сте дојдени за шопинг, забава или добро кафе со пријателите.

Од East Gate Mall најавуваат многу познати брендови, меѓу кои и сите брендови на светскиот моден магнат од Шпанија, Групацијата Индитекс, кој ќе закупи деловен простор за сите свои брендови. Со ова популарната седморка: ZARA, ZARA HOME, ОYSHO, Мassimo Dutti, Bershka, Pull and Bear и Stradivarius, ќе се најде на само едно место во East Gate Mall.

File:Skopje East Gate.jpg

Брендот ZARA ќе се простира на повеќе од 4.600м2 со што станува најголемата ZARA во целиот регион.

Полската модна компанија и воедно реномиран моден бренд ,,LPP SA” исто така ќе ги отвори своите први продавници во Скопје во East Gate Mall наесен годинава.

Неодамна, faktor.mk објави дека се најавуваат и модниот бренд H&M, германски LIDL и уште неколку други интернационални ланци на супермаркети кои оперираат во регионот како SPAR и BILLA, но овие информации се уште не се официјално потврдени од менаџмнентот на East Gate Mall.

Погледнете како ќе изгледа Skopje East Gate Mall

 

Процес на изградба на Skopje East Gate проектот

Од Skopje East Gate, секој месец ве известуваат како напредува изградбата на проектот. Погледнете го видеото за да видите која фаза е реализирана заклучно претходниот месец: