Нискобуџетната авиокомпанија „Изи џет“ влегува на македонскиот пазар

Нискобуџетната авиокомпанија „Изи џет“ влегува на македонскиот пазар

24. 08. 2021.

Нискобуџетската авиокомпанија „Изи Џет“ од Велика Британија официјално од 1 ноември годинава ќе лета на релација меѓу Скопје и Женева, Швајцарија

Првично на релацијата ќе има по два лета неделно, секој понеделник и петок, а од декември ќе зголемување на три лета неделно, а летот ќе трае два часа и 15 минути.

Според анализите на ОАГ, во предпандемската 2019 година на релација Скопје – Женева индиректно патувале 3.923 патници, додека лани само нешто над 600 патници.

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ: Од септември нови ковид-мерки во Грција

извор: mkd.mk