КИППЕР го отвори својот 71. маркет во Македонија!

КИППЕР го отвори својот 71. маркет во Македонија!

01. 09. 2021.

Во понеделникот (30 август) беше отворен новиот „Киппер“ во Ресен, на улицата Ленинова бр. 1.

Во понеделникот (30 август) беше отворен новиот „Киппер“ во Ресен, на улицата Ленинова бр. 1.

Ова е 71. маркет во малопродажната мрежа на хард-дисконтерот.

Новиот „Киппер“ се протега на вкупна површина од 665 квадратни метри, од кои 470 квадратни метри се продажен простор, 157 се користат како магацински, а 38 квадрати се за дополнителни простории. Во него има три наплатни каси, а за услугата се грижат 9 вработени. Асортиманот го сочинуваат речиси 1.700 видови артикли.

Планот за отварањето нови објекти е според досегашната динамика – следуваат маркетите во Куманово, Радовиш, Брвеница, Желино, три маркета во Скопје итн., а активно се бараат локации и во другите градови каде што сме и не сме присутни, изјавија за InStore од „Киппер“.

Во моментов Киппер има отворен повик за слободна работна позиција КАСИЕРИ - во Струга. Целиот оглас е на ЛИНКОТ.