Влезете во светот на Data Science на штандот на Data Masters на најголемиот регионален саем за вработување

Влезете во светот на Data Science на штандот на Data Masters на најголемиот регионален саем за вработување

03. 10. 2021.

Од 13 до 20 октомври посетете го Најголемиот регионален онлајн саем за вработување и дознајте повеќе за можностите за кариера во Data Masters!

Data Masters е консултантска компанија, специјализирана во областа Data Science. Основана е од визионери кои своето знаење го имаат стекнато во странство, но нивната главна цел е да го имплементираат знаењето и интернационалното искуство во Македонија. Како консултантска компанија во изминатите три години Дата Мастерс има остварено соработки со компании и институции од пет континента. Едни од позначајните соработки се во САД, Португалија, Абу Даби и секако во Македонија.

Покрај консултантскиот бизнис тука е и Data Masters Academy која е составен дел од компанијата и која има едуцирано над 250 студенти. Целта на Data Masters Academy преку обуките и академијата е пренесување на искуствата на главните предавачи на индивидуите кои сакаат да се усовршат или да научат нешто ново за областа која е сè уште во своите зачетоци. Покрај индивидуалците тука се и водечките компании од бизнис секторот кои со помош на академијата и обуките може да изградат свои капацитети и побрзо да го завршат процесот на дигитална трансформација.

15257

Нека овој саем биде првиот чекор кон вашата дигитална трансформација. Ве очекуваме!

ПОВЕЌЕ ЗА КОМПАНИЈАТА, ОТВОРЕНИТЕ РАБОТНИ ПОЗИЦИИ, РАБОТНИТЕ УСЛОВИ, ТИМОТ И СЕ ШТО ВЕ ИНТЕРЕСИРА ЌЕ МОЖЕТЕ ДА ДОЗНАЕТЕ НА ШТАНДОТ НА DATA MASTERS НА НАЈГОЛЕМИОТ РЕГИОНАЛЕН САЕМ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ КОЈ ЌЕ СЕ ОДРЖИ ВО ВИРТУЕЛНО ИЗДАНИЕ ОД 13-20 ОКТОМВРИ 2021.