Две хируршки или една маска KH95 ќе бидат задолжителни во соседна Грција

Две хируршки или една маска KH95 ќе бидат задолжителни во соседна Грција

28. 12. 2021.

За време на празниците и планираните масовни собири Грција воведува постоги мерки против ширењето на корона вирусот

Според министерот за здравство на Грција, Танос Плеврис, мерките се донесени по препораките на експертската комисија, а ќе бидат на сила од 3 до 16 јануари 2022 година.

Маските кои обезбедуваат поголема заштита ФФП2 или КН95 ќе бидат задолжителни во јавниот превоз, супермаркетите и сите места каде што се собираат повеќе луѓе, како и на местата каде што се служи храна.

Ако тоа не е можно, ќе бидат потребни двојни хируршки маски.

Рестораните и баровите нема да можат да работат по полноќ, а музиката ќе биде дозволена само со почитување на мерките.

извор: skopjeinfo.mk