Од денес минималната плата во Црна Гора ќе изнесува 450 евра

Од денес минималната плата во Црна Гора ќе изнесува 450 евра

01. 01. 2022.

Собранието на Црна Гора ги усвои измените и дополнувањата на Законот за работа, според кој минималната заработувачка во земјата од јануари 2022 година ќе биде 450 евра

Собранието на Црна Гора ги усвои измените и дополнувањата на Законот за работа, според кој минималната заработувачка во земјата од јануари 2022 година ќе биде 450 евра.

Овој Закон за кој гласаа 50 пратеници, е од програмата „Европа сега“.

Собранието смета дека постои итност за стапување на законот на сила на денот на објавување во Службен весник.

Пратениците ги усвоија и измените на Законот за придонеси за задолжително социјално осигурување со кој се укинуваат придонесите за здравството.

извор: novlist.mk