Курсевите, како што соопштиja од општината, се со цел стимулирање на социјалната интеграција на невработените лица и подобрување на нивните квалификации за идно вработување.
– Предност на пријавување за овие курсеви имаат лицата, кои се со статус на невработени лица во Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија – Центар за вработување Охрид, евидентирани како лица, кои активно бараат работa и социјално загрозени лица, кои ќе достават потврда од Центар за социјални работи, но и вработени кои сакаат да се докфалификуваат и прекфалификуваат, стои во конкурсот.
Курсевите, како што е наведено, ќе започнат доколку се оформи група од 10 до 15 учесници, а доколку нема доволно пријавени може да не се реализира некој од наведените профили.
Заинтересираните кандидатите, треба да ги пополнат потребните обрасци поставени на интернет страната http://www.ohrid.gov.mk., како и изјава за лични податоци, изјава потпишана од кандидатот дека доставените документи се вистинити и дека не посетува таков курс од друга институција или фирма и потврда од Центар за социјални работи.
Потребните документи кандидатите треба да ги достават најдоцна 15 дена од денот на објавувањето на Конкурсот на адреса: ОЈУ ОГУ за доживотно учење „Кузман Шапкарев” Oхрид, улица „Туристичка“ бр. 79 – Охрид, во затворен коверт со назнака „Конкурс за пријавување на кандидати за бесплатни курсеви“ или во Архивата на ОЈУ ОГУ за доживотно учење.
извор: bankometar.mk

