„Или ќе излеземе сите – или ќе нè снема еден по еден! Излези, затоа што воздухот нема да се исчисти сам“, порачуваат од иницијативата, упатувајќи јавен повик за нова мирна граѓанска блокада против загадувањето од индустрискиот капацитет Усје.
Од „Стоп за Усје“ посочуваат дека компанијата и понатаму одбива да постави мерни станици со јавно достапни податоци, што, според нив, ја поткопува довербата во официјалните тврдења дека фабриката не загадува. Тие нагласуваат дека протестот произлегува од итното барање „Здравјето пред профитот“, особено поради ризиците за децата и за населението кое живее во околината.
Новата граѓанска блокада е најавена за 21 јануари 2026 година (среда) во 18:00 часот, на раскрсницата меѓу булеварите „Борис Трајковски“ и „Србија“, на правецот кон Усје.
