Најмногу скенирање сметки има од бензиските пумпи, мали и големи маркети, аптеки, продавници за облека и бела техника, а најголем број од корисниците се жени.
Жените повеќе ја користат Мој ДДВ апликацијата. До крајот на мај годинава имало 245.924 корисници жени, додека 212.598 се машки. Задоволство е што граѓаните ја прифатија апликацијата од сите возрасти од 15 до 98 години.
Во наредениот период УЈП, во координација со Министерството за финасии ќе поднесат предлог измена на Законот за враќање на дел од ДДВ на физички лица за од 1 јануари 2023 да се зголеми лимитот на повратот со што наместо 1.800 денари за тримесечие, граѓаните да може да добијаат максимален износ од 2.100 денари.
извор: novamakedonija.com.mk

.jpg)