Оваа шема, прва од ваков вид во Европа, значи дека жените можат да поминуваат три дена месечно, кога навистина не им е до работа, како што сакаат додека телото не се врати во нормала. Тоа е тема за која не се зборува толку често, или воопшто, а Шпанија сака да го промени тоа.
Овој закон е само дел од поширокиот план за промена на законите поврзани со репродуктивното здравје, со што отсега девојчињата на 16 и 17 години ќе можат да абортираат без согласност од родителите.
Дополнително, ќе се отстрани и ДДВ за санитарните производи, а ќе се обезбеди јавен фонд за хормонални контрацептиви и таблетите „утрото потоа“.
Иако ова е единствениот закон од ваков тип во Европа, нешто слично е веќе во сила во неколку азиски земји, меѓу кои Јужна Кореја, Тајван и Јапонија, каде што еден таков закон беше донесен во далечната 1947 година.
