Авионот полетал од Сеул 35 минути по полноќ, а во Сан Франциско треба слетал во 17 часот и 14 минути. Временската разлика помеѓу овие два града е дури 17 часа, иако самиот лет трае околу 9 часа
Следбениците на Flightradar24 кои го објавија ова на Фејсбук се воодушевени, а некои раскажуваат во какви ситуации се нашле, пренесува Вечерњи.хр.
„Еднаш патував од Сиднеј до Хонолулу со лет од 10 часа. Авионот полетал во 18 часот во сабота и пристигнал во Хонолулу во 7 часот наутро, исто така во сабота! Уживав во две саботи, но дури и џет-лагот беше збунувачки“, вели еден корисник.

