Убава вест: Ќе се офајдат ли тие што скенираат сметки?

Убава вест: Ќе се офајдат ли тие што скенираат сметки?

10. 01. 2023.

Законот се носи по скратена постапка.

Од оваа година повратот на данокот на додадена вредност од фискалните сметки наместо 1.800 денари ќе се зголеми на 2.100 денари. Предлог-законот е во собраниска процедура и ставено е како шеста точка на денешната 99. пленарна седница. Законот се носи по скратена постапка.

Правото на враќање на ДДВ се остварува за секое календарско тримесечје во кое е издадена фискалната сметка.

На предлог на Министерството за финансии, Владата на 27 декември 2022 година го утврди текстот на Предлог-законот со кој се зголемува максималниот износ на поврат на ДДВ што може да го добие едно физичко лице со скенирање на фискални сметки за едно тримесечје.