ВНИМАТЕЛНО: Магла на патот Катланово – Велес

ВНИМАТЕЛНО: Магла на патот Катланово – Велес

16. 01. 2023.

До 15 март годинава трае законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба.

Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри, утрово има на патниот правец Катланово – Велес, соопшти АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Прочитајте: За безбедно возење: Како се вози низ магла

Поради зголемено ниво на вода на реката Радика, од 16.12.2022 урнат е мостот кој води кон селата Нистрово, Бибај, Тануше, Грекај и Нивиште (општина Маврово и Ростуше).

Затворен за сите видови возила е и патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица.

До 15 март годинава трае законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба.